Фудбалерите на Вардар би биле новите шампиони на нашава земја а Пелистер и Беласица нови членови на елитната конкуренција во наредната сезона доколку УЕФА предложи да има прекин на сите првенства поради пандемијата на корона-вирусот и да им додели титули на екипи кои се на врвот до моментот на прекинување на активностите. Тоа значи и местата за излез во Европа да се распоредат по тековниот изглед на табелата.
На утрешниот состанокот во европската куќа на фудбалот ќе се разгледува евентуалното одложување на Европското првенство кое треба да се реализира од 12 јуни до 12 јули а ќе се донесе одлука и околу финализирањето на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Челниците на европскиот фудбал и сите придружни организации исто така ќе донесат одлука и околу завршницата на Лигата на нации. Тука влегува и мечот меѓу Македонија и Косово.

