Запира и фудбалот во Аргентина. Со најновата одлука донесена синоќа, фудбал во Аргентина нема да се игра најмалку до 31 март, секако поради ширењето на коронавирусот.
Одлуката сè уште не е официјално објавена од владата, но во пракса самите играчи веќе ја однесоа на вонреден состанок на синдикатите. Натпреварот од тамошната Суперлига меѓу Ривер Плата и Атлетико Тукуман кој не се одигра пред три дена, беше последна опомена дека фудбалерите не сакаат да го ризикуваат здравјето.
Фудбалот низ цела Јужна Америка е парализиран. Запирање на лигите уште вчера објавија Боливија и Чиле