Селекторот на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко го коментираше презакажувањето на Евро 2020 следната година. Според поранешната ѕвезда на Динамо (Киев) и Милан, оваа одлука на УЕФА е целосно оправдана.
„Јас го поддржувам решението. Кога станува збор за заканата по здравјето на луѓето, спортот останува во позадина. Секако, одложувањето на Евро 2020 ќе предизвика непријатности, но мора да разбереме дека проблемот влијае на целиот свет. Само со заеднички напори можеме да го надминеме тоа“, рече Шевченко.
Украина се најде во група со Австрија, Холандија и тим што ќе дојде од Лигата на нации.

