Англискиот фудбалски состав Манчестер Јунајтед планира во текот на летото да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, објавија денеска дел од медиумите.
Наводно, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја покријат неговата висока плата и да го искористат максмално моментот бидејќи „кралевите“ практично нема да бараат обештетување за Велшанецот.
30-годишниот Бејл иако ја нема посакуваната минутажа во тимот на Зидан, во неколку наврати изјави дека нема намера да го напушти Мадрид се до терминот кога ќе му истече договорот