Леонардо Куфре, кој играше со Касано во Рома, вели дека Италијанецот можел да направи поголема кариера доколку бил активен на тренизите.
„Со Антонио имам многу добри спомени. Ако беше малку попрофесионален ќе станеше еден од најдобрите во светот. Во кариерата видов многу малку играчи како него„ – вели Куфре.
„Тој не пиеше алкохол и не остануваше до доцна во ноќта, но, го мрзеше да тренира. Касано мислеше дека може да постигне се што сака во фудбалот без тренира“ – изјави Куфре.