Мино Раиола кој е еден од највреднуваните фудбалски менаџери, изјави, дека сака да направи договор со Реал Мадрид и да однесе на „Сантијаго Бернабе“ неколку негови клиенти.
„Ќе бидам горд ако мои фубалери заиграат за Реал Мадрид бидејќи тој е голем клуб. Цело време сум во контакт со генералниот директор, Хозе Анхел Санчез“ -изјави Раиола.
Веројатно во преден план излегува евентуален трансфер на Пол Погба кој во текот на летото би можел да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се пресели во Шпанија.