Раководството на римски Лацио ја утврди цената за играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кого интерес покажуваат европските гиганти.
Според претседателот на „орлите“, Клаудио Лотито, цената на 25-годишниот српски фудбалер е 120 милиони евра и нема намера да го пушти да замине за помала сума.
Во исто време, доколку Лацио стане шампион на Италија, цената на играчот од средниот ред ќе се зголеми. Претходно беше објавено дека ПСЖ го има Милинковиќ-Савиќ поставено како прва летна трансфер цел, а за него сериозен интерес има и од Реал (М) и од Манчестер Ј.

