Манчестер Јунајтед ја користи оваа пауза за да направи планови околу купувањето на играчи во летниот преоден рок.
Додека е во тек прекинот на првенството во Манчестер Јунајтед размислуваат каква понуда да дадат за да го привлечат Томас Лемар, а минатата недела се сретнаа со претставниците на играчот. Францускиот репрезентативец импресионираше со своите настапи во сезоната 2016-2017 и привлече внимание на некои од европските гиганти. Ливерпул и Арсенал се обидоа да го привлечат од Монако, но тој избра да се пресели во Атлетико Мадрид.
Шпанците платија 70 милиони евра за него во 2018 година, но тој разочара со неговиот настап во Мадрид, дури и не успеа да биде во стартниот состав. Лемар има 3 гола и 6 асистенции за тимот. Атлетико е подготвен да се раздели со 24-годишниот фудбалер и ќе ги разгледа понудите за него.

