Првите луѓе на англискиот фудбал по секоја цена сакаат да ја завршат сезоната. Откако во четвртокот челниците на ФА заедно со тимовите од Премиер лигата донесоа заклучок првенството да продолжи во мај, сега се разгледува опцијата шампионатот да продолжи на 1 јуни и да се доигра за само шест недели без присуство на публика.
Според „Телеграф“, клубовите се подготвени да се откажат од едно место во Лигата на Европа само да се доигра сезоната.
Тоа значи првите четири од табелата да одат во групната фаза во Лигата на шампиони, 5-от и 6-от во групната фаза од Лига Европа додека екипата што ќе биде на седмото место да остане без евро-виза за наредната сезона.

