Барселона го запиша првиот случај на инфекција со коронавирус, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, првиот заболен во каталонскиот клуб е првиот скаут за Јужна Америка, Андре Кири, кој ја заразил и неговата сопруга.
Кири и неговата сопруга се изолирани во куќа во Сао Паоло, Бразил. Тие сè уште не се хоспитализирани и во моментот имаат само блага малаксаност.

