Италијанска Рома ќе треба да плати околу 25 милиони евра за да обезбедат перманентен договор за Хенрик Мхитаријан.
31-годишниот Ерменец играше за римскиот тим оваа сезона, запишувајќи 6 гола и 4 асистенции на 20 одиграни натпревари. Ова дефинитивно го испровоцира раководството на „волчицата“ да направат обид да го ангажираат со комплетен договор.
Сепак, сумата од 25 милиони може да биде доста висока за клубот. Арсенал нема намера да ги менува условите од соработката, па останува да се почека стартот на трансфер периодот и новите преговори.