Главниот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, изјави дека не се согласува со понуштување на сезоната во Премиерлигата.
Сите натпревари на Островот беа откажани барем најмалку до 30 април, откако пандемијата со коронавирус го парализираше скоро целиот европски фудбалски свет. Сите 20 клуба од Премиер лигата минатата недела испратија претставници за да разговараат за можните чекори за надминување на кризата.
Позицијата на Вудворд е доста фер, откако тој на ниту еден начин не побара откажување на сезоната. Во моментов нема точен рок за завршување на сезоната.