Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) планира да понуди нов договор на Андриј Шевченко како селектор на националната репрезентација.
43-годишниот поранешен ас на Динамо (Киев), Милан и Челзи ја однесе својата земјата назавршницата на Европското првенство, а челниците на федерацијата се задоволни од неговата работа. Двете страни веќе започнаа преговори.
„Мислам дека и играчите и навивачите не можат да го замислат тимот без Шевченко. Кога ќе има новости, ќе дознаете. Сè се движи во вистинската насока“ изјави Андреј Павелко, првиот човек на федерацијата.
Тековниот договор на Шевченко истекува ова лето. Павелко додаде дека репрезентативците поделиле рекордна премија од 4 милиони американски долари за пласманот на Еуро 2020 кое ќе се одржи наредната година Украинците завршија први во групата со Португалија, Србија, Луксембург и Литванија.