Крилото на Баерн Минхен Кингсли Коман е во преговори со клубот за обновување на неговиот договор. Францускиот играч има договор кој е со важност до 2023 година.
Баварците му понудија на својот фудбалер договор до 2025 година, со зголемување на платата. Коман честопати имаше проблеми со повреди, но има поседува одлични квалитети и Баерн ќе продолжи да се потпира на него. Оваа сезона, францускиот репрезентативец има 24 натпревари и 5 гола во сите натпреварувања.
Баерн исто така работи на привлекување на Лерој Сане, но напнатата ситуација околу епидемијата на коронавирус предизвика преговорите да бидат во застој.
Од „Алијанц Арена“ го известиле Коман дека на неговата позиција ќе има уште еден фудбалер во нивниот состав, но тој е подготвен да се бори за своето место. Самиот Сане не се гледа во иднина во Манчестер Сити и сака да се врати во Бундеслигата за да го облече дресот на Баерн Минхен.