Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ донираше три амбулантни возила на Клиниката Св. Наум Охридски (стара Градска болница)
    Фудбал

    ФФМ донираше три амбулантни возила на Клиниката Св. Наум Охридски (стара Градска болница)

    risteBy riste24/03/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ФФМ денес преку соопштение ја информираше јавноста за својата донација на три амбулантни возила за Клиниката Св.Наум Охридски од Скопје.

    Соочени со последиците од коронавирусот SARS-CoV-2 и имајќи ја в предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, Фудбалската федерација на Македонија набавува три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје.

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири во „Куќа на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ .

    „Ова време сите нас нѐ потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба. Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција.

    Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба. Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар“, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

    Директорот на клиниката за за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков изрази голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, напоменувајќи дека примерот треба да го следат и останатите институции и компании сѐ со цел да ги поддржиме луѓето и здравствените работници во овие тешки времиња.

    „Изразувам благодарност до ФФМ и претседателот Сејдини, неизмерно ни е важно што во овие моменти на ваков начин ја изразуваат својата поддршка и помош за здравствените институции и луѓето на кои помошта им е неопходна. Искрено се надевам дека и други институции и компании ќе го следат примерот и ќе бидат поддршка за сите нас. Истовремено, ова е уште една прилика да потсетиме и да ги повикаме сите граѓани и организации на максимална одговорност, сериозност и почитување на сите мерки кои ги пропишуваат надлежните државни институции“, истакна Директорот на клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.