Шпанскиот голман и член на Манчестер Јунајтед Давид де Геа донираше 300 илјади евра за борба против коронавирусот.
Парите се испратени до медицинскиот оддел во Мадрид (родниот град на играчот) и ќе бидат искористени за потребите на болниците и лекарите, пренесува весникот „Марка“.
Донацијата беше анонимна, но Де Геа доби благодарност преку Твитер од преставници на Мадрид. Ова не е прв добротворен и хуман гест од фудбалерот. Во септември, тој донираше 200.000 евра на жртвите од поплавите во Аликанте. На почетокот, донации за борба против коронавирусот направија Лионел Меси и Пеп Гвардиола.