Германскиот голман Мануел Нојер не може да се договори со неговиот клуб Баерн Минхен за условите на новиот договор, пренесува весникот „Билд“.
Според изворот, Нојер сака да потпише долгорочен договор со клубот од Минхен. Баерн не се согласува со должината на договорот, но најверојатно не се конечно договорени и финансиските услови. Претходно беше објавено дека лондонски Челзи е заинтересиран за услугите на Нојер .
Тековниот договор на Нојер, кој го потпиша првично со Баерн од 2011 година, важи до летото 2021 година. Во моментот според „Transfermarkt.de“ неговата цена за трансфер е со вредност од 18 милиони евра. Оваа сезона тој учествуваше на 37 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, а имаше сува мрежа на 15 од нив.