Менаџерот на Арсенал, Микел Артета откако ја надмина болеста по заразата од коронавирусот излезе во јавноста со негов коментар за елата ситуација и посочи дека на неговите играчи најверојатно ќе им треба силен поттик за да се опорават ментално од проблемот со коронавирусот.
Поради пандемијата, сите се дома и работат индивидуално.
„За да ги задржиме активни и да не им биде досадно, во моментов им даваме многу вежби за да работат дома“, објасни Артета. „Тие сè уште се ентузијасти. Треба да го задржиме тоа чувство и од таа причина, по враќањето во нормалното секојдневие, можеби ќе треба да добиеме повеќе тренери за да се осигураме дека сè е во ред. Импресиониран сум што сите во клубот сега се подготвени да помогнат. Во вакви тешки времиња реакциите на луѓето покажуваат што е приоритет за нив“ изјави Артета.

