Капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Горан Пандев, испрати уште една порака до македонските граѓани во борбата со ширењето на коронавируост во нашата земја.
Панде со своето семејство е во Џенова, Италија каде се во самоизолација. Нашиот најдобар фудбалер многу веројатно ќе ја продолжи својата играчка кариера за уште една година и ќе остане во оваа екипа, а преку пораката која ја упати вели дека секој треба да е одговорен, како кон себе така и кон другите.
„Секој треба да е одговорен, како кон себе така и кон другите. Затоа седи дома и слушај ги препораките. Само со дисциплина и самодисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот“, вели Горан Пандев во својата порака преку Фудбалската федерација на Македонија.
https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija/posts/3139724606061026