Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле, ќе добие предлог од клубот за обновување на договорот.
Новиот договор ќе биде во функција до 2025 година и има дополнителни бонуси за постигнати голови, настапи во Лигата на шампионите и друго, пренесува „Калчомеркато“.
Тековниот договор на Имобиле со римскиот клуб истекува во летото 2023 година. Според извештаите, Евертон и Наполи се заинтересирани за напаѓачот, но тој сака да остане во Рим.
Оваа сезона Имобиле има 27 голови и 7 асистенции на 26 натпревари во Серија А.
