Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо се надева дека ќе се врати во англиската Премиер лига следната сезона, објави „Мундо Депортиво“.
27-годишниот играч од средниот ред, кој е во сопственост на Барселона, но игра со позајмица во Баерн (Минхен), веќе одби понуда да се пресели во италијанскиот Интер или да замине во францускиот шампион ПСЖ.
Кутињо играше во Англија помеѓу 2013 и 2017 година кога го носеше дресот на Ливерпул. Во почетокот на 2018 година, тој се пресели во Барселона за сума со бонуси до 158 милиони евра. Баерн, кој сега е дом на Бразилецот, има опција да го купи за 120 милиони евра, но скоро е сигурно дека тоа нема да се случи.
Според „Мундо Депортиво“, Тотенхем е тимот што најмногу е заинтересиран за услугите на Кутињо.