Шпанските медиуми објавија дека фудбалерите на Барселона првично одбиле да им бидат намалени платите бидејќи стравувале дека токму дел од нивните пари ќе бидат искористени за купување на нови играчи во текот на летото.
„ЕСПН“ пишува дека Каталонците сакаат да го вратат Бразилецот, Нејмар и дека сакаат да платат големи 100 милиони евра за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Клубот од „Камп Ноу“ сепак успеа да издејствува намалување на платата на фудбалерите со ветување дека се ќе се врати по старо кога ќе продолжи сезоната.

