Италијанските медиуми објавија дека германскиот фудбалски стратег, Ралф Рангник, нема да седне на кормилото на Милан.
Според Скај Спорт Италија, двете страни преговарале, но, не успеале да најдат заеднички јазик. Иако консултациите продолжиле и во изминатите денови, сепак италијанците не се согласиле со барањата на Рагник.
Тоа значи дека Стефано Пиоли и понатаму останува главен тренер на „росонерите“ кои поради пандемијата на корона-вирусот засега се без активности.

