Доколку има летен трансфер период тој ќе биде многу значаен за фудбалерот на Барселона, Нелсон Семедо, пренесува денеска весникот- „Спорт“.
Според напишаното, Португалскиот репрезентативец кој има договор до 2022 година или ќе ја продолжи верноста кон Каталонците или ќе замине во нова средина. Во изминатиот период се шпекулираше дека Семедо може да биде дел од договорот со италијанскиот Интер за ангажман на на Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот кој имаше блескави партии во редовите на „нероаѕурите“ е главната трансферна цел на шпанскиот состав.