Манчестер јунајтед е меѓу клубовите кои сакаат да ја завршат сезоната во англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“ изразија поддршка за раководните тела на англискиот фудбал, кои се обидуваат да најдат начин за комплетирање на Премиерлигата и ФА Купот откако ќе помине пандемијата на коронавирус.
Играњето на натпреварите во првенството би значело дека Ливерпул речиси сигурно ќе ја освои својата прва титула во Англија за 30 години, што и не е желба на фановите на Јунајтед.
Како и да е, од „Олд Трафорд“ соопштија дека ја поддржуваат одлуката на Премиер Лигата да го доиграат шампионатот, дури и ако се игра на празни трибини.
„Клубот целосно ја поддржува идејата за комплетирање на турнирите во Премиерлигата, ФА Купот и УЕФА натпреварувањата“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.