Раководството на Наполи ќе се обиде да го продолжи договорот на Фабијан Руиз. Тековниот договор на Шпанецот истекува во летото 2023 година, но клубот се надева дека ќе го убеди да потпише нов.
Медиумите во Италија пишуваат дека од Наполи се подготвени да понудат сериозно покачување на платата на Руиз за да го задржат во тимот.
Не е тајна дека овој играч од средниот ред се најде во плановите за трансфер на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а неодамна стана јасно дека Ливерпул исто така сака да го привлече. Во интервју пред неколку дена, агентот на Шпанецот изјави дека преговорите за нов договор може да почекаат до крајот на сезоната.
За време на оваа сезона, Фабијан Руиз учествуваше на 32 натпревари во дресот на Наполи и постигна со 3 гола. Неговата вредност во моментов се проценува на 60 милиони евра.