Централниот дефанзивец на Лацио, Луис Фелипе е една од трансферните цели на Барселона за следната сезона, но Баерн Минхен ќе биде уште еден од конкурентите за потписот на Бразилецот.
Баварците сакаат овој 23-годишен дефанзивец да го замени Џером Боатенг, кој речиси сигурно ќе ја напушти „Алијанц Арена“. Луис Фелипе има 23 натпревари за Лацио од почетокот на сезоната во сите натпреварувања, а има огромна заслуга што екипата на Симоне Инзаги прими најмалку головите во Серија А. Неодамна, неговиот агент рече дека дефанзивецот совршено одговара со стилот на игра во Шпанија. Лацио ќе стори сé што може за да го задржи Бразилецот.
„Газета дело Спорт“ тврди дека клубот му понудил нов договор со двојно поголема плата – 2 милиони евра. Тековниот договор на дефанзивецот е до 2022 година. Луис Фелипе дојде во Лацио во 2016 година од Итуано и ја мина првата сезона во Италија со позајмица во Салернитана.