Иднината на Кепа Аризабалага во Челзи е под знак прашалник, а тоа доведе до многу шпекулации околу евентуалното ангажирање на нов голман на „Стемфорд Бриџ“.
Лондонските сини имаат интерес за Џaнлуиџи Донарума, кој наскоро ќе влезе во последната година од неговиот договор со Милан. Италијанскиот репрезентативец би чинел околу 60 милиони евра, а Реал Мадрид и ПСЖ се очекува да се приклучат во битката за неговиот потпис.
Челзи веќе стапи во контакт со агентот на овој голман, Мино Рајола. Лондончаните сакаат да бидат на списокот на заинтересирани доколку Донорума се одлучи да одбие да потпише со Милан. Во тој случај од Челзи се подготвени да излезат со понуда.
Во исто време, стана јасно дека Педро Родригез може да се пресели во Лацио. Шпанскиот ветеран веќе потврди дека го напушта Челзи како слободен агент ова лето. Од почетокот на сезоната, Педро учествуваше само на 9 натпревари во Премиер лигата. 32-годишниот поранешен играч на Барселона има понуди од Шпанија, но евентуалното играње на Лацио во Лигата на шампионите е можност да се пресели во оваа екипа.