Рио Фердинанд, еден од легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, вели дека „црвените ѓаволи“ треба да ги вложат сите напори и да ги купат напаѓачите Хари Кејн (Тотенхем) и Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд).
„Кејн посакува трофеи. Се надеваше дека тоа ќе го оствари со Тотенхем, но, се случи спротивното.Тој е разочаран.Што се однесува до Санчо, сакам да биде во тим со кој ќе напредува и ќе собира трофеи. Мислам дека Јунајтед е најдобро место за него, Тој е еден од најдобрите млади играчи во моментов“ – напиша Фердинанд на социјалните мрежи.
Според анализите на трансфер пазарот, манчестер Јунајтед за вентуалниот ангажман на Кејн и Санчо ќе треба да плати повеќе од 230 милиони евра.

