Иднината на фудбалот во Европа ќе се решава денеска. УЕФА за попладнево закажа видео конференција со претставниците од сите 55 членки, по што треба да се донесат некои важни одлуки во врска со завршувањето на сезоните на националните првенства, како и на европските купови. Ќе се дискутира и за прашања како што се платите на играчите и трансфер периодот ова лето.
Се проценува дека УЕФА ќе понуди три варијанти. Првата е првенствата да продолжат на 15-16 мај, втората е истите да се рестартираат кон крајот на мај и почетокот на јуни, а последната опција е натпреварите да продолжат најдоцна до 21 јуни. УЕФА исто така, ќе постави краен рок за завршување на фудбалскиот календар во Европа, со датум на 31 јули. Дотогаш, треба да се одиграат сите натпревари во сите првенства и треба да се утврдат сите учесници во европските купови за следната сезона. Во спротивно, сезоната ќе пропадне.
Сепак, УЕФА нема нема да прави притисок врз секоја земја поединечно.