Министерот за здравство во Велика Британија, Мет Хeнкок, изјави дека фудбалерите од Премиер лигата мора да ги намалат платите за да ја одиграат нивната улога во борбата против корона-вирусот.
„Мислам дека секој има улога во овој момент.Треба да ги здружиме силите, тоа значи дека треба да се приклучат и фудбалерите од најсилната лига. Со оглед на жртвите што ги прават многу луѓе вклучително и некои мои колеги од здравствената служба“ – вели Хeнкок.
„За жал, некои повеќе не се меѓу нас, затоа мислам дека прво нешто што може да направат фудбалерите во Премиер –лигата е да ги намалат платите“ – рече Хенкок

