Францускиот фудбалски состав Дижон, даде придонес во борбата против корона-вирусот. Клубот кој настапува во елитната конкуренција во земјата на -„галските петли“, направи две донации од 100 000 евра во болниците во Дижон и Бесанкон.
Покрај тоа деновиве повеќе од 3.000 кроасани и пакети со чоколади беа доставени до медицинскиот персонал во здравствените установи. Универзитетската болница во Дижон најви дека ќе потроши значаен дел од парите во развојот на истражувањата поврзани со Ковид-19.
Дижон е уште еден француски клуб што се вклучи во борбата против пандемијата. Претходно тоа го направи ПСЖ кој донираше 100.000 евра како и Олимпик (Лион) со издвоени 300.000 евра.