Вчерашната одлука на фудбалската федерација на Белгија да го прогласи Бриж за првак и да стави крај на сезоната, предизвика реакција кај Европската федерација (УЕФА) која останува на ставот првенствата да се доиграат.
„Уверени сме дека во наредните месеци ќе има услови да се доиграат првенствата. Поради тоа, одлуката на белгиската федерација е избрзана и пред сѐ – некоректна. Ќе направиме соодветна промена во календарот по што месеците јули и август би требало да бидат доволни за да се доиграат натпреварите“ – стои во соопштението на УЕФА испратено од седиштето во Нион. Во истото се нагалсува дека земјите што самоволно ќе ги прекинат првенствата нема да добијат евро-виза.
Денеска се појавија информации дека и челниците на фудбалот во Холандија полека се насочуваат кон завршување на сезоната со прогласување на нов шампион.

