Фудбалот во Англија ќе се активира во почетокот на мај само доколку се овозможат услови и пандемијата на корона-вирусот се стави под контрола.
Тоа било договорено на денешниот состанок на премиер-лигашите и сите релеванти фактори, објавија мдиумите во Англија.
„Како што ќе се развива влијанието на пандемијата со КОВИД-19, така ќе се одредува евентуалниот датум за продолжување на сезоната. Премиер -лигата ќе соработува со сите засегнати страни за да се обезбеди решение“ – се вели во дел од соопштението на Премиер-лигата.

