Фудбалската асоцијација на Англија веќе ја почувствува новата финансиска реалност по кризата со коронавирусот. ИМГ, кој има договор вреден 820 милиони фунти за дистрибуција на тв-правата од ФА Купот го стави договорот во мирување.
Траншата е поврзана со четвртфиналето на турнирот, што требаше да се одржи минатиот месец. Под голем знак прашалник се и договорите од тв-правата од Премиер лигата. Скај Спорт и ББС Спорт имаат договор за правата од Премиер Лигата кој најавија дека нема да го поништуваат, но ќе бараат повеќе средби за следната сезона, бидејќи сакаат да ги вратат клиентите кои ги прекинале претплатите во овој период.

