Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, изјави дека Јувентус нема да ја добие титулата во Серија А, доколку сезоната не заврши.
„Бјанконерите“ се со бод предност пред Лацио, но до крајот на првенството има дури 12 кола. Засега првенството е стопирано барем до крајот на април, а голем број клубови, меѓу кои и Торино и Фиорентина, ја поддржуваат идејата првенството комплетно да биде прекинато.
„Наш голем приоритет е да ја завршиме сезоната. Сакаме да започнеме до крајот на мај и да го завршиме шампионатот до крајот на јули“, вели тој.

