Борусија Дортмунд се бори против коронавирусот во овие денови, и тоа го покажаа и играчите, и навивачите…
Претходно играчите се откажаа од голем дел од своите плати за вработените да не останат без работа, навивачите собираа пари за да помогнат за болниците, а клубот сега го отстапи својот стадион како привремена болница во битката против корона вирусот.
Стадионот е претворен во болница за заразени од вирусот. „Сигнал Идуна Парк“ е најголем стадион во Германија, и клубот без размислување го отстапува на државата за да се спречи раширување на оваа пандемија.