Агентот на Ашраф Хакими, Алехандро Камано, ги негираше вчерашните информации на весникот „Марка“ дека дефанзивецот потпишал нов договор со Реал Мадрид до летото 2023 година.
„Договорот со Реал Мадрид е сè уште оној што го потпишавме во 2017 година, што треба да заврши во јуни 2022 година. Ќе мора да почекаме и да видиме. Откако ќе заврши кризата со коронавирус, ќе седнеме со Реал Мадрид и Борусија Дортмунд и ќе разговараме за тоа“, изјави Камано.
Со своите игри Ашраф Хакими привлече внимание на уште неколку клубови кои сакаат да искористат ситуација и да го купат овој играч доколку тој не сака да се врати во Реал Мадрид.