Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли е трансферна цел на Барселона, која бара засилување во ценатрот на својата одбрана, пренесува шпанскиот весник „Спорт“, повикувајќи се на италијански извори.
Според оваа информација, ваквиот трансфер ќе биде многу тежок поради високата цена на дефанзивецот, која изнесува 50 милиони евра. Затоа, договор може да се случи само доколку Милан се согласи да вклучи играч на Барселона за да ја намали бараната сума.
Росонерите се заинтересирани за неколку каталонски играчи како Рафиња Алкантара и Иван Ракитиќ, кој од друга страна сака да се врати во Севиља. Договорот на Ромањоли истекува во 2022 година, но Милан е во преговори со италијанскиот репрезентативец за да го обнови.

