Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, вели дека Серија „А“ мора да заврши без разлика на крајниот датум.
„Работиме на серија хипотези за да ја изменаџираме најдобро ситуацијата наметната со пандемијата на корона-вирусот. Можно е да продолжи сезоната на 17-ти мај иако сите знаеме дека тоа не зависи од нас“ – нагласи Гравина.
„Серија „А“ може да заврши и во септември или октомври, тоа останува како опција. Само така нема да ја компромитираме регуларноста на сезоната 2019/20“ – вели Гравина.

