Играчот на Челзи, Вилијан, јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договор со клубот без разлика дали сезоната ќе продолжи или не со оглед на ситуацијата со корона-вирусот.
„Сите знаат дека договорот ќе ми истече за неколку месеци и тешко дека ќе биде продолжен. Ми понудија договор на две години а ја барав минимум за три. Нема да има нови преговори.“ – изјави играчот на „сините“.
Според медиумите, Бразилецот влегува на радарот на англиските Арсенал и Тотенхем а во игра за неговиоt потпис може да се вклучат ПСЖ и Јувентус.
