Челниците на фудбалската Премиер-лига и претставниците на Владата на Велика Британија постигнале начелен договор сезоната да продолжи во почетокот на јуни.
Според договореното, натпреварите ќе бидат одиграни пред празни трибини и ќе бидат пренесувани на сите телевизии без разлика дали ги имаат откупено правата.
Во моментов само две телевизии ги имаат правата за Премиер-лигата, но, бидејќи не можат да ја покријат целата понуда, дел од средбите ќе бидат следени и преку други ТВ канали.
