Француските весници повикувајќи се на членот 17 од правилата на УЕФА, пишуваат дека Пол Погба може да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед и како слободен фудбалер да замине во друг тим.
Според , наведеното, играчот може еднострано да го раскине договорот со клубот ако поминале најмалку три години од неговото потпишување. Се разбира, ако го искористи тоа правило, фудбалерот ќе мора да му плати обештетување на тимот.
Пресметките покажуваат дека во случајот на Пол Погба станува збор за 50-60 милиони евра, што е за двојно помалку од парите што ги сакаат „црвените ѓаволи“. Французинот во 2016 година потпиша 5-годишен договор со Јунајтед кој му истекува догодина.