Во 71. година од животот синоќа почина некогашниот прославен тренер на „Атлетико, Барселона, Реал (М) но и поранешен српски селектор, Радомир Антиќ.
Антиќ е една од митските фигури на клупата на Атлетико, каде помина 189 официјални натпревари во текот на пет сезони.
Освен на клупата на мадридскиот великан, српскиот стратег работеше како менаџер на Барселона во 2003 година, а беше на клупите и на Овиедо, Селта, Реал Мадрид и Сарагоса. На клупата на репрезентацијата на Србија помина 2 години.

