Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо вели дека не го инересира трансфер во англиски Челзи. Менаџерот на „сините“ Френк Лампард побара од Роман Абрамович да најде начин да го донесе англискиот репрезентативец на „Стемфорд Бриџ“.
Самиот играч, сепак, не е особено воодушевен од идејата, иако се тврди дека како дете бил фан на лондончани.Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за 20-годишниот голгетер на германскиот тим, со тоа што „црвените ѓаволи“ се сметаат и за фаворит за неговиот потпис во оваа фаза.

