Лоран Блан би можел да стане тренер на Фенербахче. Францускиот тренер е главен фаворит за функцијата и се очекува да го предводи овој тим кога ќе продолжи првенството во Турција.
Гигантот од Истанбул е без тренер уште од почетокот на март, откако Ерсун Унал беше отпуштен по лошите резултати. Фенербахче е на 7-та позиција на табелата и нема победа во 7 последователни натпревари во лигата.
Лоран Блан е поранешен тренер на Бордо, ПСЖ и селектор на репрезентацијата на Франција. Тој немал тренерска работа од 2016 година.