Барселона го проценува бразилскиот играч од средниот ред Филипе Кутињо на 90 милиони евра, пренесува весникот „Спорт“.
Според изворот, каталонскиот клуб нема намера да ја намали цената, бидејќи во спротивно нема да може да ги избегне финансиските загуби. Интерес за играчот од средниот ред покажуваат англиските клубови кои се подготвени да го земат играчот на позајмица со право на откуп. Барселона е подготвена да го позајми, но само со откупна обврска.
Бразилецот моментно е на позајмица во Баерн Минхен, но по оваа сезона, тој веројатно ќе се врати во шпанскиот клуб. Оваа сезона, 27-годишниот Бразилец постигна 8 голови и 6 асистенции на 22 натпревари во германската Бундес лига. Играчот од средниот ред забележа уште еден гол и 2 асистенции во неговите 7 натпревари од Лигата на шампионите.
Договорот на Кутињо со Барселона важи до 30 јуни 2023 година.
