Тотенхем продолжува да работи на можниот трансфер на напаѓачот на Барселона, Филипе Кутињо. И покрај интересот на Челзи, тимот на Мурињо е решен да се обиде да ја добие трката за Бразилецот.
Екс-фудбалерот на Ливерпул оваа сезона ја минува во Баерн Минхен, каде не успеа да ги убеди газдите дека заслужува да биде купен во текот на летото. Во исто време, враќањето на Камп Ноу во Барселона очигледно не е опција за него, па затоа ќе бара враќање на Островот.

