Клубовите на англиската Премиер лига постигнаа договор за предвремено исплаќање на премиите утврдени за оваа сезона. Според информацијата на „Тајмс“, сите 20 клуба се согласија за ова прашање.
Обично овие пари се исплаќаат во мај, и тоа според резултатите од сезоната, кога наградните пари се дистрибуираат во зависност од местото на табелата и бројот на натпреварите одиграни во живо на тв. Клубовите решија да го распределат наградниот фонд меѓу себе во овој момент, бидејќи суспензијата на лигата и немањето натпревари ги погодија буџетите на клубовите, и со ова се прави обид да се ублажат последиците од кризата.
Во моментот на прекинување на сезоната, повеќето клубови од Премиерлигата имаа по 29 одиграни натпревари.