Поранешниот тренер на Јувентус и селектор на италијанската репрезентација Марчело Липи изјави дека треба да се заврши сезоната во Серија А.
„Сега нема услови за играње фудбал и мислам дека нема да има за еден месец. Но, кога ќе заврши големата опасност, тогаш мислам дека сезоната треба да се игра, дури и пред празни трибини. Играњето без навивачи не е многу пријатно, но тогаш можете да гледате натпревари на ТВ, сепак тоа е нешто. Јас сум против да се прогласи крај на сезоната според сегашна позиција. Сезоната мора да заврши со игра на теренот“, изјави Марчело Липи за „Sky Sport Italia“.

